Непроцесуирањето на говорот на омраза охрабрува негово ширење и користење

Од:

Говорот на омраза не е доволно јасно инкриминиран во кривичниот законик, а обвинителството и судството имаат индифирентен однос и не постои ниту една правосилна пресуда, поради што се неопходни законски промени во кои ќе се содржи дефиниција на говорот на омраза.

Ова се заклучоците од анализата „Ефикасноста на законската регулатива за заштита од говор на омраза“ спроведена од февруари до јуни 2017 година, а претставена на денешната дебата „Како до ефикасно справување со говорот на омраза“, во организација на Македонскиот институт за медиуми.

Авторот на анализата Ненад Живановски, рече дека кривичниот закон во неколку членови го инкриминира говорот на омраза, но тие директно не се реферираат на говорот на омраза, туку го третираат омаловажувањето, подбивот или предизвикувањето на омраза, а додека Законот за аудио и аудиовизуелни услуги ја забранува употребата на говорот на омраза, но не предвидува санкции за прекршителите.

– Ваквата фактичка состојба не може да биде оправдување за непостапувањето на Јавното обвинителство и судството. Непроцесуирањето на говорот на омраза и не казнувањето на сторителите доведе до состојба поединци да бидат охрабрени да го користат и шират, а жртвите на таквиот говор да немаат можност правно да се заштитат, изјави Живановски.

Според адвокатот Лазар Сандев, колку во јавноста подолг временски период се остава користење на говор на омраза, толку тој станува вообичаен при секојдневната комуникација, а тоа ќе продолжи се додека Јавното обвинителство не почне да го процесуира.

– Сметам дека Јавното обвинителство е неактивно. Самите јавни обвинители треба сами да покренат иницијатива, бидејќи они треба да ги заштитат вредностите на општеството и слободите и правата на другите, а не треба поединецот. Обвинителството треба да преземе активна улога и да каже дека постои говор на омраза и дека мораат да реагираат и процесуираат, изјави Сандев.

Елена Брмбеска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, посочи дека во Македонија најчесто говорот на омраза е врз три основи, и тоа на политичка, етничка или сексуална ориентација.

– Во втората половина на 2016 година имаме регистрирано 136 случаи на говор на омраза на јавни настани, медиуми или на социјални мрежи. Од почетокот на 2017 година имаме регистрирано 46 случаи, изјави Брмбеска.

Дебатата е дел од проектот “#РеФорМедиаМКД – Унапредување на соработката меѓу граѓанското општество, институциите и граѓаните за спроведување реформи во медиумската сфера”, финансиран од Европската Унија и спроведен од Македонскиот институт за медиуми.

Би можело да ве интересира

Графити со говор на омраза врз градскиот симбол на крајот во Гостивар

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

„Да ви се мочам во северната, пи*да ви материна“ – поради навреди на „Фејсбук“, Државниот архив пријави лице до МВР за говор на омраза

Ана Ололовска

Радовишанец и прилепчанец на Фејсбук ширеле говор на омраза