Неофицијална средба на медицинските сестри со Заев за време на конгрес во Струга

Од:

Изминатиов викенд од 18-ти до 20-ти мај се случи првиот конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки, стоматолошки сестри и лаборанти во Струга. На конгресот присуствуваа над 300 здравствени работници, на 20 стручни предавања на тема: „Градење на тимови во здравствената заштита за подобра и современа здравствена грижа на пациентите“, во организација на Унијата на ЗМСТАСЛ предводени од ЗМСТА – ЗА НАС.

„Особена чест и задоволство ни преставуваше неофицијалната средба со премиерот Зоран Заев токму на нашиот прв конгрес. Здружението „За нас“ минатата недела прослави една година постоење и над 5000 членови во Унијата на ниво на целата република, па позитивните реакции и наклонетоста кон изнаоѓањето на решенија за нашите проблеми од страна на Премиерот ни дадоа навистина голем поттик и во натамошната наша работа. Конгресот помина во најдобар ред, најважно што добивме голема поддршка не само од нашите членови, туку и од пациентите и од нивните здруженија, како и од организацијата „Лулка“ каде свое предавање имаше и педијатарот Денис Ал Кхалили. Споделивме и разработивме теми кои се од голема важност за сите нас, особено што акцентот го ставивме на тимската работа и на квалитетната здравствена грижа за пациентите“, велат од здружението.

Додаваат дека во текот на неделава ќе го објават и својот прв зборник во контекст на конгресот што измина.
На конгресот присуствуваше и Елсон Јачари, претседател на Здружението на медицински сестри од Албанија, кој истотака се обрати кон присутните.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот