Во Детскиот креативен центар МКЦ утре ќе биде организирано големо дружење меѓу деца без и со посебни потреби, насловено како „Необичен роденден“.
Настанот е поддржан од невладината организација Аутизам ААМК и голем број граѓански активисти.
Средбата има за цел да покаже дека децата иако се различни сепак се многу слични и тие не прават разлика дали некој има или нема аутизам, Даунов синдром, церебрална парализа или дали некое дете е во инвалидска количка.
Со овој настан започнува проектот на откривање на инклузивни објекти и услужни дејности во Македонија, со кој сите ќе можат подеднакво да учествуваат во социјалниот живот во адекватни услови.
На забавата се поканети сите деца на заедничко дружење и игри. „Необичниот роденден“ ќе трае од 12 до 14 часот.