Немаме никаква врска со инцидентот во М-НАВ, велат од ДУИ – За сопартиецот Незири и најавените разрешувања ниту збор

Од:

Демократската унија за интеграција најостро ја осудува секоја форма на насилство. Безбедноста на сите граѓани е суштинска за нас, велат од партијата преку соопштение, без да го споменат сопартиецот Беким Незири, со чија помош насилниците влегле во М-НАВ.

„Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и државните институции треба да ги третираат со најголема сериозност. Истражните институции мора децидно да го расветлат случајот. Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работна средина и нема единствена поврзаност со политички прашања, а уште помалку со ДУИ. Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиската политика. Ја осудуваме тенденцијата за постојано вклучување на партијата во секоја приватна секојдневна работа. Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и дека никој не е над законот, но и се противи на јавното проценување и притисокот на јавноста врз институциите“, велат од ДУИ.

Од партијата пак, не соопштија каков е нивниот став за најавеното разрешување на челниците во М-НАВ, кое треба да се случи на идната владина седница, односно на 9 јануари.

А1он претходно испрати прашања до министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ, Бујар Османи за тоа кој е нивниот став за овие прашања, но одговор не добивме.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче