Немало предупредување од странски дипломат за личните карти

Од:

За впишувањето на националноста во личните карти, што е предлог доставен во Собранието од Беса, нема никакво предупредување заради тоа што се работи за идентитетски прашања како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарско прашање дали имало предупредување од странски дипломат.

– Немам јас такво предупредување, нуту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Норамално беа, имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација. Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината, кога се гласаа уставните промени согласно Преспанскиот договор. Така што нема никакво предупредување заради тоа што се работи за идентитетски прашања, како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други, рече Заев по заедничката изјава со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Кејот „13 Ноември“.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Од денеска во Скопје издавање лични карти во надлежни полициски станици, според место на живеење

Горан Наумовски

Народен правобранител: Најдовме готови документи на граѓани, а МВР нема увид дека се подигнати

Горан Наумовски

Џафери за пасошите: Не верувам дека 650.000 граѓани во ист ден имаат потреба да патуваат

Орце Костов

Од соседите, а не од Грција, ќе зависи дали ќе може да се патува со лична карта без „северна“

Орце Костов

Денеска ќе работат шалтерите за издавање документи во МРТВ и Беко