Нема заболени од Ковид-19 меѓу вработените во тетовските градинки

Од:

Нема ниту едно вработено лице заболено од КОВИД-19 во објектите на детската градинка „Младост”, соопштија од Општина Тетово по добивањето на резултатите за сите вработени.

– Заврши тестирањето на вработените и наставниците од сите градинки во состав на ОЈУГД „Младост“ во Тетово. За среќа, направените тестови на сите 150 вработени се негативни за КОВИД-19. Општина Тетово ги дезинфицираше и внатрешните и надворешните површини во рамки на мерките за заштита, со кои се предвидува отворање на сите градинки во земјава, соопштија од општина Тетово.

Како една од превентивните мерки, установата од 1 јуни започна со електронско поднесување на барањата за упис на нови дечиња во градинките.

Скринингот за вработените во градинките започна на 26 мај.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии