Нема траги од силување кај девојката, покажаа првичните резултати добиени од Институтот за судска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје, пренесе Макфакс.
Истовремено во текот на полициските извиди од страна на МВР беа извршени разговори со повеќе лица, меѓу кои и мајката на девојката која во своето известување пред надлежни полициски службеници навела дека настанот не бил пријавен во полиција, затоа што во ниту еден момент предходно од страна на нејзината ќерка, не и било кажано дека таа била жртва на насилен сексуален акт.
Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со преземање на дејствија во насока на расветлување на настанот.