Нема смртност кај свињите кои се одгледуваат на фармата во која еден работник почина, а друг е во тешка состојба по труење со хемиска материја

Од:

Ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство на повик на Министерството за внатрешни работи ( МВР) извршил увид на свињарската фарма во село Амзибегово, светиниколоско, каде што двајца работници се затруле од хемиска материја, а едниот почина на самото место.

„Од аспект на надлежност на Агенцијата за храна и ветеринарство, со надзорот не е утврден проблем во однос на здравствената заштита на животните – свињите кои се одгледуваат на фармата, односно, не е евидентирана смртност кај животните. АХВ изразува жалење за несреќниот настан“, велат од АХВ.

Според првичните информации, работниците се затруле од хемиска материја. Едниот починал на самото место, а другиот е пренесен на Клиниката за токсикологија и според првичните медицински наоди, се здобил со оштетување на мозокот. Засега нема детали за каква конретно материја станува збор, но најверојатно се работи за амонијак.

СВР Штип го потврди случајот кој бил пријавен вчера околу 11 часот.

„На самото место починал работникот О. Т. роден 1978 година, а второто лице, односно работник С. Ј. роден 1971 година е пренесен во комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, вели портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Би можело да ве интересира

Родители на деца со симптоми на труење велат јаделе пилешки стек, АХВ времено затвори седнвичара во Штип

САД воведуваат такса од 100.000 долари за визи за квалификувани работници

Тежок кран згмечи тројца работници во тунел, полицијата се сомнева во технички дефект

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он

Затворена е кујната во Домот за стари лица во Берово по појавата на стомачни тегоби

Тревога во Берлин: Губиме на сите фронтови