Нема притвор за Груевски, Јанкулоска, Јанакиески

Од:

Апелацискиот суд ги одбил како несоновани поднесените жалби за мерките за претпазливост изречени од Кривичниот суд за обвинетите во предметот „Титаник“ на СЈО за изборни нерегуларности, потврдуваат судии од Апелациониот суд.

Одлуките ќе бидат објавени утре на веб страницата на Судот и на нив странките немаат право на жалба.

За обвинетите во случајот „Титаник“, меѓу кои поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и поранешните министри за транспорт и врски Мили Јанакиески и за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот шеф на премиерскиот кабинет Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, СЈО бараше притвор како мерка за обезбедување присуство и за да се онезвозможи да влијаат на сведоци или на други обвинети. Овинетите, пак, на јавните седници во Апелзацискиот суд во петокот се изјаснија дека не се виновни, дека немаат намера да бегаат и побараа укинување на мерките за претпазливост.

Апелацискиот суд досега ги одби сите поднесени жалби на решенијата на Кривичниот суд во врска со предметите на СЈО.

Би можело да ве интересира

Елек за спасување од „Титаник“ продаден за 906.000 долари

А1он

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Кејт Винслет за темната страна на славата по успехот на „Титаник“: Се плашев да заспијам!

А1он

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“