Нема патување со воз за викенд

Од:

Патничките возови нема да сообраќајот во тек на претстојниот викенд. Железници Транспорт го измени возниот ред за деновите од викендот, откако Владата вчера донесе одлука да го ограничи движењето на граѓаните во сабота и во недела, како дополнителна мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

-Исклучок од ова ќе бидат само возовите, 661 од Кичево и 645 од Велес, кои во сабота наутро пристигнуваат во Скопје, откако ќе преспијат во наведените градови, и кои ќе сообраќаат по возниот ред од 23.03.2020 година, соопшти денеска Железници Транспорт.

Оттаму известуваме патниците дека во понеделник (30.03.2020 година), возот 661 од Кичево нема да сообраќа, бидејки претходната вечер нема да одпатува воз поради полицискиот час.

Останатите возови, од понеделник, во текот на работните денови, ќе сообраќаат по возниот ред објавен на 23 месецов.

Би можело да ве интересира

Кинеските дизел возови поправени после четири месеци: Од утре и трет воз за Битола

Орце Костов

Железници добија нова помош за исплата на плати: Само советниците на директорот чинат 20.000 евра

Орце Костов

Полициска акција во Германија, патник во воз носи експлозив

А1он

Заврши санацијата на Железничкиот мост на Црна Река, од утре повторно товарен железнички сообраќај Скопје-Гевгелија

Оценка 2.91 за патувањето со воз, пругите „чекаат“ приватни оператори и ремонти

А1он

По 10 дена прекин, повторно сообраќа единствениот воз Скопје-Битола