Нема ограничувања за увоз на српко брашно и пченица

Од:

Увозот на брашно и пченица од Србија не е ограничен и се реалзира скоро секој ден, а контролата на пратките е согласно обврската за доследна примена на европските стандарди.

Ова е ставот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопаство (МЗШВ) во врска со денешниот напис во српски „Блиц“ „Македонија ги избегнува српските производи и со уредби го руши ЦЕФТА договорот”.

Весникот наведува дека „македонските власти воведуваат различни прописи со кои спречуваат увоз на брашно и пченица од Србија, кршејќи го притоа ЦЕФТА договорот“, како и дополнителни контроли за одредени производи (сол за човечка употреба) наспроти досегашните вообичаени проверки.

– За да се биде сигурен дека се почитуваат стандардите се прави контрола за веродостојност на податоци кои се дадени во документот што го следи прoизводот. Ова е вообичаена пракса, нагласуваат од МЗШВ.

Контролата се врши согласно Законoт за безбедност на храна и Правилникот за општи барања за безбедност на храна усогласен со барањата на ЕУ. Според Правилникот за општи барања за безбедност на храна се врши документарен и физички преглед. Во физичкиот преглед спаѓа и земање мостри за анализа кои се носат во Институт за јавно здравје во Куманово. Доколку странката е незадоволна, суперанализа се прави во Институтот за јавно здравје во Скопје или на Факултетот за ветеринарна медицина.

Според Министерството, во дел од количините српска пченица увезени во февруари годинава, суперанализите потврдиле зголемено присутсво на олово. Тие се прогласени како небезбедни за исхрана.

Вкупната количина, пак, во која се пронајдени токсични материи е 536 тони и 480 килограми.
Увозникот на ваква пченица, според законот, има три можности, да се врати пченицата во земјата извозник, да се уништи или да се намени за друга употреба доколку ги исплнува условите за друга употреба.

Стопанската комора на Македонија која, исто така, се изјасни околу текстот во „Блиц“, ја подржува работата на сите надлежни институции и нивните активности во насока на контрола на безбедноста на увезените производи единствено во согласност со пропишаните закони и правилници.

– Домашниот пазар останува отворен за фер конкуренција почитувајќи ги прописите за здрава и пред се безбедна храна со цел заштита на крајниот потрошувач, велат од Комората.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Нема увоз на сортите тутун „Прилеп“ и „Јака“

ВИДЕО: СДСМ го поддржува предлог законското решение за забрана за увоз на отпад

Електронско издавање на сертификатот за потекло на стоки наместо досегашното во хартиена форма

Атанасов: Поедноставни процедурите за увоз, поголема заштита на здравјето на луѓето

Дебата: Над 70% од играчките во земјава се без декларација за состав и потекло

Ана Ололовска

Продолжува блокадата на македонско-косовската граница

Ана Ололовска