Атанасов: Поедноставни процедурите за увоз, поголема заштита на здравјето на луѓето

Од:

Со примена на контрола на увоз преку проценка на ризик се намали времето потребно за контрола на граничните премини, а се зголеми оптималната употреба на персоналот на граничните премини, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, на регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите што се наоѓаaт на граничните премини во Виена, Австрија. Настанот започна на 21 мај и ќе трае до денеска, а темата е „Управување со ризик на граничните премини”.

Тој наведе дека главна цел при спроведувањето на ваквата контрола е заштита на здравјето на луѓето и животните и олеснување на меѓународната трговија, a преку воспоставување поедноставени процедури при увозот на производи ќе има намалување на финансиските трошоци при увоз и намалувањето на бројот на земени примероци за лабораториско испитување при увоз.

– Со примената на контрола при увозот врз основа на проценка на ризик, Агенцијата за храна и ветеринарство ги поедностави процедурите за увоз при што се намали времето потребно за контрола на граничните премини, а се зголеми оптималната употреба на персоналот на граничните премини. За 92 отсто е намален вкупниот број земени примероци на храна од животинско потекло минатата година во споредба со 2014 година. Во 2017 година земени се за 62 отсто помалку мостри од храна од неживотинско потекло во споредба 2014 година, а притоа постигната е поголема заштита на здравјето на луѓето и животните преку точно насочените инспекциски контроли, рече Атанасов.

Ваквата пракса, додаде тој, значи дека со помал број земени мостри откриени се поголем број на пратки кои не ги исполнуваат законските барања, и на тој начин се направени финансиски заштеди во буџетот на државата.

– Бенефит од ваквиот начин на контрола на граничните премини имаат и увозниците. Ним им се намалени финансиските давачки поврзани со увозот, а се постигнува и побрз проток на производите што се увезуваат, истакна директорот.

Тој позитивно го оцени ваквиот начин на вршење инспекциски контроли на граничните премини и упати препорака до сите земји во регионот, посебно за земјите членки на ЦЕФТА и оние што се во процес на ЕУ интеграција да го имплементираат овој модел на контрола при увоз.

Директорот оствари и средба со Виолане Конар Лејси од Програмата за поддршка и олеснување на трговијата при Светската банкарска групација.

Би можело да ве интересира

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија

Бабовски: Да не се шират лаги зашто ниту една кривична пријава не може да ја спречи веќе создадената паника во јавноста

Катерина Ѓуровски