МЗШВ: Нема увоз на сортите тутун „Прилеп“ и „Јака“

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) остро ја демантира денешната изјава на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за наводниот увоз на тутун и порачува дека нема увоз на сортите тутун „Прилеп“ и „Јака“.

Од 2019 година, па до вчера, прецизираат, според податоци од „ЕХСИМ“ системот на ДИЗ, од страна на мултинационалната компанија „Алијанс Уан Македонија“ со седиште во Кавадарци, од Бугарија е увезен суров необработен тутун од тип „Катерини“ во износ 469.033 килограми и суров необработен тутун од тип „Крумвоград“ во износ од 501.506 килограми.

Овие количина тутун, се преработени во капацитетите на оваа компанија во Кавадарци и се извезени на интернационални светски компании кои што произведуваат цигари.

Со ова се ангажирани капацитетите на оваа компанија кај нас и со додадена вредност се извезени.

Значи, не станува збор за никаков увоз, туку за увоз за доработка и повторен извоз, со што е остварена разлика на девизен прилив во Република Северна Македонија, истакнуваат од МЗШВ.

Податоците од оваа државна институција, додаваат, се релевантни и официјални.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме

МЗШВ: Блокадите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ оставаат 200 земјоделски стопанства без субвениции