ВИДЕО: СДСМ го поддржува предлог законското решение за забрана за увоз на отпад

Од:

СДСМ како одговорна партија се грижи за заштита и унапредување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Управувањето со отпадот е и останува наш приоритет.

По отворената дебата и мислењето кое го даде невладиниот сектор и експертската јавност како одговорна партија ја информираме јавноста дека ги подржуваме измените на Законот за управување со отпад, со кој се предлага забрана на увоз на отпад кој се користи како извор на енергија.

Го следиме интересот на граѓаните и затоа пратеничката група на СДСМ ќе го поддржи и ќе гласа ЗА предлог законското решение за забрана за увоз на отпад, кое е влезено во собраниска процедура.

Како одговорна власт се обврзуваме дека во најбрз можен рок ќе усвоиме целосно системско решение за овој проблем, кое ќе ги опфати сите аспекти на увоз и извоз на отпад и негова постојана контрола преку сите институционални форми, а во согласност со европските пракси.

Во таа смисла ќе акредитираме и домашна лабораторија за проверка на составот на отпадот, ќе се ангажираат повеќе инспектори кои ќе вршат редовни и вонредни контроли на правните лица кои вршат увоз и извоз на отпад од Македонија.

Се расчистува опасниот отпад од ОХИС, се работи на утврдување на состојбите со останатите две депонии во и околу кругот на ОХИС, се засилува инспекцискиот надзор на централно и локално ниво, а Дрисла конечно е под надлежност на град Скопје.

Начинот на управување на Дрисла ќе биде во согласност за законската регулатива во РСМ, со нови инвестиции и унапредување на системот за интегрирано собирање, транспорт и депонирање на отпадот.

Намалувањето на отпад кој се депонира е наш приоритет, согласно европските цели и стандарди, како и позитивни искуства.

Факт е дека во нашата држава, после долги години манипулирање со граѓаните се преземаат вистински мерки за управување со отпадот.

Би можело да ве интересира

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он