Нема никаков напредок во преговорите на денешната лидерска средба. Повторно од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев не е прфатен предлогот на ДУИ за формирање на работни групи.
СДСМ инсистира на два услова за да се постигне напредок во преговорите: едниот е договарање на принципите и вториот е гаранција за почитување на тие принципи, односно формирање на преодна влада и одземање на контролата врз институциите кој што сега ја има воспоставено Никола Груевски.
Според СДСМ овие преговри се нерамноправни затоа што ДУИ, ДПА и ВМРО-ДПМНЕ настапуваат заедно, но и не гедаат дека би имало било каков напредок додека Груевски ги контролира сите институции во државата.
Не се очекува напредок ни во продолжението на средбата, по паузата, со оглед дека и двете страни не попуштаат од утврдените ставови.