Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Од:

Не може да се провери како и дали се трошат 140 денари субвенциониран студентски оброк затоа што МОН не воспоставило систем за доделување на оброците, а во однос на сместувањето, функционирањето, финансирањето и инвестициите во студентски домови, ревизорите утврдиле дека исплатата на средства не се врши врз основа на ажурирани списоци за сместени студенти.

Во извештајот на Државниот завод за ревизија кој го опфаќа периодот од 2019 година заклучно со 2022 година, се вели дека мерките за развој на студентскиот стандард кои се преземаат од страна на надлежните државни органи не се доволно ефикасни и економичниза остварување на одржливо ниво на финансиска самостојност на студентските домови, соодветно сместување и исхрана како и реализирање на проектите за реконструкција и проширувањето на капацитетите.

„Не е воспоставен Регистер на студентски домови што има влијание врз спроведувањето на постапките за сместување на студентите и на реалноста на прикажаниот капацитет на студентските домови, но и без изготвен Стратешки документ за студентскиот стандард во кој подетално ќе се наведат мерките и активностите за развојот и подобрувањето на условите за живот и студирање во земјата.

Воспоставениот начин на субвенционирање на студентскиот оброк од страна на МОН преку исплата на трансакциските сметки на студентите не овозможува да се потврди дека исплатените средства за 2022 година во износ од 701.482 илјади денари или 50,2% во вкупните средства за студентскиот стандард се користат исклучиво за намената која е определена со Законот за субвенциониран студентски оброк“, стои во извештајот.

МОН има воспоставено неколку мерки за стипендирање на студенти по кои во конкурсот за 2022/23 година се опфатени 3.105 стипендии од кои се одобрени 2.509 за што е исплатен износ од 235.849 илјади денари за вкупно 6.179 стипендии (првпат одобрени/минати години).

За мерките за студентско стипендирање се проценети како соодветни, но истите не се усогласени со интересот за студирање по студиски програми, а за дел од студиски програми е предвиден износ на стипендија кој е три пати повисок од редовниот износ.

„Евидентирано е намалување на бројот на одобрени стипендии во периодот 2019-2022 година но и зголемување на број на одбиени студенти, кој за 2022/23 година достигнал до 2.942, што укажува на голем интерес на студентите но и слабости во постапката за доделување на стипендиите. За стипендирање на студентите запишани на некој од првите 100 Универзитети во светот за кои се исплатени средства во износ од 188.361 илјади денари кои имаат учество од 44,4% во вкупните средства за стипендии се уверивме дека не е воспоставен систем за ангажирање на овие лица во земјата по завршувањето на студиите и дека средства се ефикасно искористени“.

Во врска со состојбите поврзани со сместувањето и исхраната на студентите утврдено дека со Програмата е утврден повисок број на расположливи места во студентските домови во однос на утврдената бројка во Конкурсот за сместување на студентите во студентски домови. Притоа во период 2019 – 2022 година значително се намалени сместувачките капацитетите кај сите ДСД, односно од 5.815 легла на 4.490 во 2022 година претставува 77,28% пополнетост, а има отстапувања во бројот на сместени студенти во однос предвидени со конкурсот.

„Исплатата на средства на ДСД не се врши врз основа на ажурирани списоци за сместените студенти и одобрени од страна на одговорните лице во МОН. Објектите кои ги користат ДСД во
најголем дел се стари и не ги задоволуваат потребите на современото живеење, а намалените сместувачки капацитети и не воедначените услови кои ги нудат студентските домови се пресудни за степенот на искористеност и интересот настудентите за сместување во одредени ДСД, но и незадоволство на студентите во поглед на исхраната во студентските домови со што се наметнува потребата од преземање активности во насока на подобрување на условите во студентските домови и обезбедување на повисок стандард на живеење и студирање на студентите во државата“, утврдиле ревизорите.

Во делот на инвестициите нагласуваме дека Проектот за енергетска ефикасност со кој се планира темелна реконструкција на сите ДСД во земјата е започнат од страна на МОН, меѓутоа постои неизвесност во врска со доволноста на обезбедените средства за целосно реализирање на овој проект согласно планираното.

Би можело да ве интересира

Македонска пошта тоне во загуби и долгови, а директорите лани си ги зголемиле платите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Петрушевски: ДЗР откри неправилности во работењето на АД ЕСМ за период од 2019 до 2022 година

На Онкологија биолошка терапија им само за 24% од пациентите, два акцелератора се во функција

Катерина Ѓуровски

Министерството за култура исплатило 318 милиони денари за проекти, без јасно дефинирани критериуми

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост