Средбата во Клубот на пратеници заврши без договор. Никој од четворицата лидери не даде изјава по средбата.
– Ќе биде испратено соопштение, беше кратко кажано веднаш по средбата, со назнака дека преговорите ќе продолжат следниве денови.
Средбата траеше час и половина, а на неа присуствуваа четворицата лидери на најголемите политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи како и евроамбасадорот Аиво Орав и абасадорот на САД, Џес Бејли.
Од четирите политички партии најавија дека ќе испратат соопштенија за средбата, која и беше очекувано дека ќе заврши со неуспех со оглед дека премиерот Никола Груевски не сака да се повлече од функцијата, додека СДСМ одбива било каков договор доколку на чело на владата остане повторно Груевски.