Нема дискриминација во забраната за запишување невакцинирани деца во школо и градинка

Од:

Не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата, смета Комисијата за заштита од дискриминација.

Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе Општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо не претставува дискриминација врз ниту една основа, вклучувајќи уверување, здравствена состојба, социјална заштита и пристап до добра и услуги.

Комисијата оценува дека мерката за забрана соодветствува на реалните потреби е пропорционална на ефектите што треба да се постигнат.

-Не постои дискриминација бидејќи мерката има легитимна (објективно оправдана) цел, согласно член 5 точка 8 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Таа не е спротивна на Уставот и одредбите на меѓународните договори, соодветствува со реалните потреби бидејќи е прогласена епидемија и е загрозен животот и здравјето на детето, како и животот и здравјето на другите деца кои се во контакт со невакцинираните деца. Мерката е однапред прецизно дефинирана бидејќи е донесена по претходно предвидена процедура и од соодветни органи, а и сите родителии и старатели се информирани на ефикасен начин, образложува Комисијата.

Општото мислење на Комисијата се однесува на сите претставки кои содржат наоди за наводна дискриминација што се веќе доставени или допрва ќе бидат доставени во Комисијата.

Би можело да ве интересира

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство

Манолева: Пунктовите во здравствените домови работат со продолжено работно време

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“

Над 50.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип