Нема да им биде укината амнестијата на дел обвинетите за 27 април, судот нема да ја оценува уставноста

Од:

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која дел од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се спасија од кривичен прогон. Одлуката ја донесе Уставиот суд, откако судиите ја изласаа одлуката со мнозинство гласови. Судиите имаа спротиставени мислења, дел од нив сметаа дека не смее да се дозволи Собранието да му даде право на судот да одлучува некој да добие амнестија, а друг да не биде амнестиран.

Останатите пак, твдеа дека не можат да олучуваат дали Собранието има право да го донесе законот. Претседателот на Уствниот суд, Сали Мурати посочи дека никогаш нема да поддржи амнестии кои ѝ штетат на државата, потенцирајќи дека со законот не се дисциплинираат сторителите на кривични дела при упадот во Собранието. Неговиот колега, судијата Насер Ајдари беше дециден дека судот не може да одлучува дали Собранието има право да го донесе законот.

Иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина е поднесена од Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, додека иницијативата за членот 2 од истиот закон е поднесена од адвокат Јошевска Анастасовска.

Би можело да ве интересира

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници