Нелегалната улица на Кеј – Дефокус на јавноста од обидот за линч на пратеници

Од:

Покрај одлуката на советот на Општина Центар за промена на ДУП-от, Град Скопје рано утрово почна со изградба на нелегалната улица на Кејот. Улицата се градеше со полна пареа, па иако градежен инспектор од Центар се обиде да ја сопре, на терен може да се види дека не се почитува новиот детален урбанистички план во кој не е предвидена улица на Кејот.

Од Општина Центар коментираат дека оваа скандалозна одлука на Град Скопје да продолжи со градба на нелегалната улица е дефокусирање на јавноста од обидот за линч на пратениците од новото парламентарно мнозинство.

Од општината испратија соопштение во кое објаснуваат дека изведувачот на улицата приложил одобрениие за градба издадено од Град Скопје и не сакал да прекине со работа додека не добие решение за запирање на граадбата, одобрение кое градоначалникот Коце Трајановски го потпиша на 31. декември 2016 година.

„Пред само неколку недели беше променет и ДУП-от со кој се избриша улицата која претходното раководство на Центар ја имаше впишано. Општина Центар бара од Град Скопје да ја поништи дозволата за градба и да се прекинат сите активности кои се спротивни на законот и волјата на граѓаните. Улица на Кејот нема да има, ваквите постапки предизвикуваат дополнителен револт и конфликт и се грубо кршење на законските одлуки за запирање на изградбата“ велат од општина Центар.

Инаку одлуката на Град Скопје низ Кејот да се гради улица до плоштадот, а особено начинот и околностите во кои таа е донесена, упатуваат на опасноста дека Кејот може да биде следната „жртва“, следната урбана отстапка кон интересите на политичките и бизнис елити.

Освен Општина Центар, против изградбата на оваа улица се и граѓаните, како и сопствениците на кафулињата на Кејот, а како што извесно време пишуваше Макфакс, градба на улица одговара само за бизнис интересите на власта. Порталот тогаш пишуваше дека преку оваа улица треба да му се овозможи на Александар Ивановски познат како Алек Теранова да се стекне со милионска сума која треба да ја наплати од Телеком откако ќе биде отворена улицата.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Во тек е реконструкција на важна скопска сообраќајница

А1он

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз