Неколку села по долината на Радика завени и без струја

Од:

Во општина Маврово-Ростуше во неколку населени места како што се Жировница, Скудриње, Требиште, Присојница, Аџиевци, нема електрична енергија неколку денови. Во местата каде што ја има, снабдувањето не е редовно и со постојани прекини од кои се уништуваат електричните апарати, соопшти Општинскиот кризен штаб по седницата на која беше разгледана актуелната состојба по снежните врнежи и ниските температури кои владеат во регионот.

Во соопштението од штабот со кој раководеше градоначалникот Мукрем Мехмеди, се посочува дека недостигот од електрична енергија, негативно влијае и на економијата. Сопствениците на стопанските капацитети се револтирани и најавуваат тужби до ЕВН поради претрпените штети и прекинатото производство.

Во училиштата, се посочува, кои се затоплуваат со централно греење, наставата не може да се одржува, заради студените училници.

– Одговорноста за состојба е на ЕВН Македонија. Тие не ја одржуваат трасата на електрични водови која е во многу лоша состојба и од првиот снег дојде до кинење на жици и паѓање на бандери. Иако локалното население искажа спремност и ги помагаше малубројните екипи на ЕВН на терен, состојбата се уште е тешка, бидејќи се појавуваат се повеќе нови дефекти, се наведува во соопштението на кризниот штаб.

Локалните патишта, како и регионалниот пат околу Мавровското Езеро, се тешко проодни. Фирмите за нивно одржување поради големиот снег не можат да обезбедат проодност, па поради се бара излез со вклучување на дополнителна механизација.

Регионалниот пат Маврово-Дебар е прооден, а на одредени места се јавуваат одрони кои допонително го отежнуваат сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска