Некој украл апарати за домаќинство од товарен воз на Табановце

Од:

Непознати крадци вчеравечер обиле контејнери натоварени на воз кој стоел на граничниот премин Табановце, при што однеле кутии со апарати за домаќинство, соопшти полицијата.

„На 10.03.2021 во 23.34 часот било пријавено дека на Граничен премин Табановце-железнички премин била извршена тешка кражба од контејнери на товарен воз, при што биле одземени кутии со апарати за домаќинство,“ се вели во кусото соопштение од полицијата.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ се чека до 40 минути, на „Богородица“ околу 30 минути

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

ВИДЕО: Продолжен викенд, крај на одморите, пред почеток на училишната година – гужви на границите

На „Табановце“ и „Блаце“ за излез од државата се чека до еден час

Горан Наумовски

МВР уапси возач од Шведска на „Табановце“ – возел 175 км на час каде што е дозволено 80

А1он

Зголемен интензитет на сообраќајот, се чека и до 40 минути на „Табановце“