А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Неизвесен законот за ЈО пред распуштање на Парламентот, СДСМ подготвен за разговор, ВМРО анализира

by А1он19/01/2020 - 09:0819/01/2020 - 11:32393
Share0

По пораките на еврокомесарот Оливер Вархеј дека сегашниот парламентарен состав ќе даде приоритет на законот за јавно обвинителство, во земјава не стивнуваат реакциите околу тоа дали е можно законот да биде донесен пред распуштање на Парламентот. Од СДСМ се подготвени да разговараат и повикуваат на одговорност кај сите политички субјекти, а од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во следните денови ќе излезат со став околу предложениот законски текст што е испратен до нив.

Следете a1on на Instagram Instagram

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера изјави доколку е потребно подготвен е да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски се со цел да се донесе овој суштински закон. Тој изрази уверување дека е можно во следните три недели да се донесе законот.

– Се работи за системско решение кое се носи со двотретинско мнозинство и треба сите да понесеме одговорност и да преземеме чекори за да го донесеме овој закон. Ако не пред изборите, ќе треба да го донесеме по изборите. Како и да одат состојбите на изборите, треба да го донесеме. Тоа е наша заедничка обврска бидејќи е двотретински закон. Тоа може да го направиме сега додека работи Парламентот за да им дадеме аргумент плус на еврокомесарот и на земјите членки на ЕУ и да може да осигураме одлуката на Европскиот совет конечно да биде позитивна, иако тоа не е услов, не е дел од извештајот за нашата земја, но ќе биде аргумент повеќе, рече Заев по хуманитарниот базар што вчера го организираше СДСМ.

Заев е подготвен да разговара за законот со сите политички субјекти и како што изјави може да се најде решение за сето она што ќе дојде како сугестија од партиите, но притоа да не се поминат црвените линии.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според него, донесувањето на овој закон ќе биде аргумент плус за европската интеграција на државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ вчера изјавија дека експертски тим го анализира предложениот текст на законот и оти во следните неколку дена ќе го кажат својот став.

– Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасно познат веќе речиси една година, а тоа не е измислување на било каква топла вода, туку имплементирање на на се она што се позитивни примери од западноевропските демократии. Примена на основните човекови права слободи и права. Применување односно одење во насока на конвенциите за основните слободи и права на човекот, изјави вчера на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, одговарајќи на новинарски прашања.

СДСМ и ДУИ испорачаа до ВМРО-ДПМНЕ нов предлог-закон за Јавно обвинителство. Антонио Милошоски, кој е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, во петокот изјави дека иако до распуштањето на Парламентот има помалку од еден месец, сепак постојат одредени шанси за договор за законот, ако тој се постави како приоритет. Според него, по анализирањето на новиот предлог-закон за ЈО, се очекува да биде договорен термин за средба со претставниците на СДСМ и ДУИ и да се разменат аргументи.

– Ова е веќе четврти текст – предлог закон за јавно обвинителство, со поинаков текст од претходните три и од оној кој се уште е во собраниска процедура. Би било коректно од собраниското мнозинство доколку овој предлог закон кој што е во собраниска процедура да го повлечат за да можеме да разговараме за новопредложениот, рече Милошоски, додавајќи дека од она што можел да го види во преодните и завршни одредби на предлогот, повторно се остава еден законски обид за тимот на СЈО да биде „удомен“ на некој начин во тимот на обвинителката Вилма Рускоска. бак/бк/

hristijan mickoskisdsm zoran zaevzakon za obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски се сретна со Макрон и Мерц: Исклучително сум задоволен

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 13:4905/06/2026 - 14:34

Проширувањето на ЕУ и интеграцијата на Западен Балкан во фокусот на самиотот во Тиват

Катерина Ѓуровски05/06/2026 - 08:2005/06/2026 - 08:24

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

Катерина Ѓуровски04/06/2026 - 12:38

До крајот на месецов ќе почнат разговорите за реконструкцијата на Владата

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 12:49

Помислив дека е нешто од рубриката „верувале или не“, вели премиерот за антикорупцискиот закон на СДСМ

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 12:15

ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Катерина Ѓуровски02/06/2026 - 11:4102/06/2026 - 11:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто