Неготинско синоќа зафатено од невреме, во Куманово град

Од:

Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер вчера доцна попладне и во вечерните часови го зафати Неготинско, а во околината на Куманово е регистрирана и појава на град, соопштуваат од УХМР.

Локална појава на пороен дожд и грмежи се регистрирани во северните и источните делови од Македонија. Во текот на ноќта, како што наведуваат од УХМР, на повеќе места имало појава на слаб дожд.

Според мерењата на Управата за изминатите 24 часа, до 8 часот изутринава наврнати се во Демир Капија 6 литри на метар квадратен, Берово три, Пожар два и Маврово еден литар на метар квадратен.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со слаб локален дожд претпладне. Подолги сончеви периоди ќе има во источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови и ќе достигнат од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со температура до 23 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно, но утре се уште повремено ќе дува умерен до засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура постепено ќе расте.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници