А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Неготинецот кој до смрт ја претепа партнерката треба да одговара за убиство, а не за тешка телесна повреда, реагира Платформата за родова еднаквост  

by Маја Илиевска-Пачемска02/11/2022 - 13:0802/11/2022 - 15:391943
Share0

51-годишниот неготинец, кој во август годинава до смрт ја претепа партнерката, треба да одговара за убиство, а не за нанесување тешки телесни повреди при вршење семејно насилство, реагира Платформата за родова еднаквост. Основното јавно обвинителство Кавадарци во четвртокот минатата недела извести дека поднело обвинителен акт против неготинецот со предлог за продолжување на притворот, но и предлог за задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.

Добивај вести на вибер

„Ова значи дека за кривичното дело што му се става на товар на сторителот може да му се изрече казна затвор од една до пет години. Сметаме дека ваквото квалификување на делото е несоодветно имајќи предвид дека станува збор за убиство на жена при вршење семејно насилство за кое според Кривичниот законик предвидена е казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор. Во оваа насока посочуваме дека вака поставената квалификација, единствено би овозможила изрекување полесна санкција и нема да ги оствари целите на казнувањето ниту, пак, ја отсликува суштината на фемицидот како најтешка форма на родово базирано насилство. Фемицидот е една од најчестите причини за прерана смрт кај жените, а во најголем број случаи е предизвикан од лице со кое жртвата е или била во партнерски однос како во случајот со жената од Неготино што почина откога нејзиниот партнер брутално ја претепа“, реагира Платформата за родова еднаквост.

Проблематично било и водењето на целата истражна постапка. Од Платформата укажуваат дека во согласност со Истанбулската конвенција, Обвинителството било должно да го примени принципот на должно внимание, но од увидот во списите утврдиле дека предметот се состоел само од фотографии од местото на настанот, вештачење на психичката состојба на обвинетиот, вештачење на крвта и на отпечатоците најдени во станот. Поради присуство на алкохол во крвта на обвинетиот, вештото лице сметало дека во моментот на сторување на делото тој бил со битно намалена пресметливост.

„Во однос на намерата дали сакал да ја убие жртвата, Обвинителството се водело само од исказот на обвинетиот, кој рекол  дека само сакал да ја истепа. Поставениот обвинителен акт оддава впечаток дека Јавното обвинителство не смета оти стореното дело е убиство како најтешка форма на семејно насилство“, алармира Платформата за родова еднаквост.

Тие бараат советот при донесување на решението за одобрување на обвинителниот акт да го преквалификува делото во убиство за кое е предвидено дека „со казна затвор од најмалку десет години или со доживотен затвор ќе се казни тој што друг ќе лиши од живот при вршење семејно насилство“.

Токму поради ваквите случаи, од Платформата заклучуваат дека сите напори за справување со семејното насилство се недоволни, а постапката на Обвинителството дополнително го зголемува и онака високиот степен на недоверба во надлежните институции. Ваквите случаи ги демотивираат граѓаните да пријават семејно насилство, што директно ја зголемува веројатноста насилството да кулминира со убиство.

negotinosemejno nasilstvo

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Горан Наумовски04/04/2026 - 17:05

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 08:51

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски02/04/2026 - 15:1202/04/2026 - 15:26

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 14:37

Приведени двајца кавадарчани, едниот го нападнал татко му, другиот поранешната сопруга

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 13:2729/03/2026 - 14:50

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он28/03/2026 - 16:1228/03/2026 - 17:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто