46-годишна жена од Неготино e во кома, партнерот ѝ влегол дома и се обидел да ја убие

Од:

46-годишна жена од Неготино ноќеска со итна медицинска помош била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако партнерот се обидел да ја убие. Таа била донесена со повреди на телото, во бесознание.

Маја Мојсова, раководителка на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување за „А1он“ вели дека повредената жена е во критична состојба.

„Жената е донесена со тешка повреда на мозокот. Веднаш беше оперирана. Се уште е во кома и состојбата ѝ е критична“, рече раководителката Мојсова.

Семејството на повредената за „А1он“ вели дека насилникот ѝ бил партнер на 46- годишната жена која била разведена и живеела со ќерката. Тој ноќеска се појавил во нивниот дом и ја нападнал.

Министерството за внатрешни соопшти дека насилниот партнер бил уапсен.

„На 2.8.2022 околу 03.35 часот во Неготино, од полициски службеници од Полициска станица Неготино е лишен од слобода П.Н.(51) од Неготино, поради сомнение дека околу 01.30 часот во дом во Неготино, во физичка пресметка со 46-годишна жена од Неготино, со која бил во љубовна врска, ѝ нанел повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино. Жената е пренесена во Комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

По документирање на случајот против насилникот, од МВР велат дека ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Тетовец ја затворил снаата во куќа и повеќе пати ја тепал

52-годишен скопјанец бил истепан од неговата вонбрачна партнерка

Малолетник ја нападнал неговата 42-годишна мајка, малолетниот брат и 20-годишната сестра

Малолетник од Скопје си ја истепал мајката

24-годишен скопјанец ја истепал невенчаната сопруга

Maж си ја истепал сопругата на Бит Пазар