Недостаток на човечки ресурси при спроведување на процесот на ПВР

Од:

Се уште недостасуваат човечки капацитети во министерствата при спроведувањето на процесот на проценка на влијание (ПВР) на регулативата кој е воспоставен со Деловникот на Владата и уреден со методологијата и упатството за постапување на министерствата. Ова го истакна Бојан Трпевски од Македонското здружение на млади правници, на денешната промоција на анализата за тоа како Министерството за правда како предлагач на Законот за бесплатна правна помош го спровел процесот за ПВР.

-Во 2017 година направивме паралела како било во 2010 година и како е сега, очигледно е дека има подобрување на процесот на проценка на влијание на регулативата, а има уште простор за понатамошно подобрување, изјави Трпевски.

Од Министерството велат дека со Законот за бесплатна правна помош е зајакната соработката со невладиниот сектор, особено со здружениејата кои директно многу и помогнаа на Работната група.

Анализата која е изработена од Елена Георгиевска и Маја Атанасова, се надоврзува на претходната работа на Македонското здружение на млади правници во областа на процена на влијанието на регулативата и заштита на човековите права, доброто владеење и остварување на принципот на владеење на правото.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on