Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара

Од:

Во минатото видовме дека има сомнежи дека во одредени постапки имало и фалсификување на записници од самото работење на Судскиот совет, а со тоа покрај целокупното воспоставување на системот на контрола и надзор над работењето на судиите кои тие треба да бидат капата на правосудниот систем кој треба да го мониторира работењето на судовите и судските инстанции тие се предмет на обвинувања дека кај нив постои несоодветно постапувања и неприменување на законите, истакна државниот секретар во министерството за правда Дајанчо Ефтимов на денешната трибина насловена „Негативниот годишен извештај за работата на Судскиот совет и потребата од реформи во правосудниот сектор во Македонија“.

„Со овој извештај всушност станува збор за еден статистички извештај во кој можат да се видат само бројки и податоци во однос на постапувања на предмети каде немаме никакво суштинско решавање на проблемите и воспоставување на систем на надзор и контрола за подобрувања на состојбите во правосудниот систем“, кажа Ефтимов.

Ефтимов посочи дека членовите во Судски совет прават параван зад кој се затскриваат многу други постапки.

„И да не постои овој извештај целата македонска јавност, а и меѓународна заедница е свесна што се случува и на очи на целата јавност имаме факти и докази за конкретни случаи што истите не преземаат за воспоставување на владеење на правото во Република Македонија“, укажа Ефтимов.

Ефтимов потенцираше дека на секој треба да му е јасно дека е подложен на законите и за истото ќе одговара.

„Доколку сакаме во Република Македонија да имаме владеење на правото тогаш секој еден поединец кој е во овие органи треба да има јасна претстава дека и највисоките правосудни органи се подложни на законите и позитивните законски прописи и истите ќе одговараат пред законот и Уставот на Република Македонија. Сето она што е вметнато во самиот извештај е отсликување на состојбата“, дециден е Ефтимов.

Ефтимов истакна дека реакцијата на поединци во правосудните органи е всушност лична заради нивна вмешаност во нешто што направиле.

„Реакцијата од страна на поединци во правосудните органи дека се врши мешање на властите во правосудството е всушност кај оние кои се засегнати лично бидејќи направиле нешто што не треба да го направат, тие се свесни за тоа и затоа оној одбранбен механизам на противење на реформи во правосудниот систем го ставаат под тезата дека тоа е мешање во судската власт“, заклучи Ефтимов.

Би можело да ве интересира

Дамева и Чачарова-Илиевска ги анализираат документите против нивната интерпелација

Горан Наумовски

Не се избрани за да бидат судски скандал мајстори, Сиљановска очекува оставки од членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски

Пратениците од власта поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието

Тројца судии од Судски совет ќе истражуваат дали судијката Алексовска-Стојановска направила пропуст во предметот против Васил Јованов

Горан Наумовски

Мицкоски: Цениме дека треба да удриме во чело – ако се изгласа недоверба на членови на Судскиот совет, ќе бидат доблесни и ќе се повлечат

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски совет

Катерина Ѓуровски