(ВИДЕО) Мицкоски: Секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже

Од:

Денеска, ете, имав можност да бидам од овој навистина прекрасен настан. Прекрасен во смисла дека можевме во скратена верзија да ги видиме сите оние позначајни моменти, оние акции коишто Министерството за внатрешни работи, заедно со своите структури ги има изведено изминатиов период. Она коешто е важна порака е дека никој не треба да биде над законот и Уставот и не смее да биде над законот и Уставот. Поминаа времињата како до сега. Треба да се бориме против сите оние корумпирани елементи во општеството и ќе се бориме, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Можеби правдата е спора, но секој оној којшто мисли дека ја изиграл правдата се лаже, таа на крај секогаш доаѓа и секогаш победува. Така што, јас можам само да ги охрабрам сите оние припадници на Министерството за внатрешни работи дека никому ништо никој не должи освен на македонските граѓани и на државата, се разбира. Така што, ако некој мисли дека некому е должен и треба да биде привилегиран и да има одредени отстапки, се лаже.

Ќе повторам, правдата е бавна, спора, но таа секогаш на крај победува. Мораме да покажеме и докажеме дека криминалот е неисплатлив и дека сите оние коишто мислат дека со криминал можат да направат нешто се лажат и дека истите ќе бидат одговорни пред законот и пред Уставот. Така што, еве уште еднаш да изразам благодарност до Министерот, од сите вработени во Министерството за внатрешни работи за сето она што го прават изминатиот период и да ги охрабрам, во периодот којшто следи да продолжат да ја спроведуваат правдата насекаде, на целата територија на Македонија како држава.“

Би можело да ве интересира

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме