Неделкова со солзи во очите до Јово Вангеловски: Престани да го приватизираш Врховен!

Од:

Судијката Лидија Неделкова, која по доаѓањето за претседател на Јово Вангеловски, неколкупати е прераспоредувана да суди во различни оддели во Врховниот суд, поднела саркастичен приговор за нејзината последна распределба во нов оддел, покажува документот до кој дојде „Макфакс“. Неделкова тврди дека одлуките за нејзино прераспоредување се незаконски и спротивни на судскиот деловник и Законот за судови. „Со растреперено срце и солзи во очите ја прочитав најновата одлука на нашиот најнов претседател на Врховниот суд на Република Македонија и со восхит одлучив да го напишам предметниот приговор“, пишува Неделкова во приговорот.

„Поради снаодливоста на славниот претседател на Врховниот суд на РМ, не можам да се определам дали во конкретниот случај се работи за годишен распоред (повеќе од очигледно е дека во месец септември не се прави годишен распоред), за деветмесечен распоред, или за распоред кој произлегол од „сонот“ на претседателот“, пишува судијката.

Неделкова во приговорот до судиите пишува дека на Македонија не ѝ треба Прибе за да се разбере и прифати дека не треба да се приватизира фунцкијата претседател на Врховниот суд. Експретседателката им пишува на судиите дека работи на кривична материја 32 години и дека одлуката за нејзино прераспроедување е поради личниот и негативен став и анимозитет на претседателот на судот, Јово Вангеловски. За нејзиното распоредување од еден во друг оддел, Неделкова пишува: „Ова е исто како да распоредите доктор специјалист по кардиологија, да работи како доктор специјалист по гинекологија“.

„Не знам дали да се чудам или да се смеам на одлуката за моето прераспоредување во ситуација, кога јас сум единствен специјализиран кривичен судија во Врховниот суд на РМ, на кој му се попречува постапувањето по кривични предмети…“ пишува Неделкова по повод објавувањето оглас за избор на двајца судии кривичари во Врховниот суд.

Причината поради која Неделкова е прераспоредувана, како што пишува самата е поради фактот што не се согласила да гласа за притворот на Сеад Кочан, како што барал Вангеловски. Неделкова на крајот пишува дека за ваквата „еквилибристика“ на Ванеловски, ќе ги извести Судскиот совет и меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Адеми останува на функција: Не помина барањето на Миљазим Мустафа за разрешување на претседателката на Врховен

Александар Тодески

Судски совет одлучува дали Адеми ќе биде разрешена: Барањето за доработка на извештајот не помина

Александар Тодески

Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми или не

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески