Неделков: Пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од МОН до општините

Од:

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК Јаким Неделков денеска на Фејсбук напиша дека пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од Министерството за образование и наука до општините.

– На денешната средба со министерката Царовска добивме уверување уште еднаш дека пари за прекувремено ангажирање на наставниците се префрлени од МОН до општините. Исто така министерката се обврза дека МОН во текот на денов ќе искомуницира со сите училишта и општини каде има проблем со исплата на средства за прекувремена работа, напиша Неделков на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

20 проценти повисоки плати за вработените во социјалните установи

СОНК: Да не се потпишуваат новите решенија за плати во културата

Горан Наумовски

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година