Не слушајте го попот Стеван од Битола, туку вакцинирајте се – им порача МПЦ-ОА на верниците

Од:

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со коронавирусот.

Отецот Здравески од почетокот на пандемијата во јавност изнесува контроверзни ставови во врска со вирусот и пандемијата, а меѓу неговите лажни тврдења е и тоа дека во вирусот има „клетки од абортирани дечиња“. Попот Стеван пролетва, за време на велигденските чествувања, исто така јавно ги повика верниците да не се причестуваат кај свештеници кои примиле вакцина против Ковид-19.

Од МПЦ велат дека овие ставови не се во согласност со православната вера. Светиот архиерејски синод, како што се посочува, „се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија искажани околу сесветската пандемија од Ковид-19, што не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера“.

Од САС апелираат „до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност“. Синодот повика и на санкции за јавните настапи на свештеникот, протоереј во битолската црква Света Недела, кој минатата зима беше казнет и од световните власти, кога наспроти важечките мерки за заштита од коронавирусот, организираше собир и фрлање на крстот за празникот Богојавление.

-Се препорачува на епархискиот архијереј да ги има предвид изјавите и повиците на споменатиот свештеник и да постапи согласно на своите надлежности, стои во соопштението од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија.

Би можело да ве интересира

МПЦ нема против што некои цркви не признаа без придавката „македонска“

Орце Костов

Црквата на Чешка и Словачка ја призна МПЦ како „Православна црква на Северна Македонија“

Орце Костов

Романската православна црква ја призна афтокефалноста на МПЦ-ОА

МПЦ се премисли за забраната за погреби на Св. Никола: Нема одлука, поради меѓусебна некоординираност некој погрешно пренел дека се забранети

Маја Илиевска-Пачемска

Митрополитот Агатангел: Бугарската црква го оцрни македонскиот народ, грешка беше што побаравме да ни биде црква-мајка

Орце Костов

Бугарската црква ќе ја признае МПЦ како „Православна црква на Северна Македонија“, не како Охридска архиепископија

Орце Костов