Не слушајте го попот Стеван од Битола, туку вакцинирајте се – им порача МПЦ-ОА на верниците

Од:

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со коронавирусот.

Отецот Здравески од почетокот на пандемијата во јавност изнесува контроверзни ставови во врска со вирусот и пандемијата, а меѓу неговите лажни тврдења е и тоа дека во вирусот има „клетки од абортирани дечиња“. Попот Стеван пролетва, за време на велигденските чествувања, исто така јавно ги повика верниците да не се причестуваат кај свештеници кои примиле вакцина против Ковид-19.

Од МПЦ велат дека овие ставови не се во согласност со православната вера. Светиот архиерејски синод, како што се посочува, „се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравески од Преспанско-пелагониската епархија искажани околу сесветската пандемија од Ковид-19, што не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера“.

Од САС апелираат „до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност“. Синодот повика и на санкции за јавните настапи на свештеникот, протоереј во битолската црква Света Недела, кој минатата зима беше казнет и од световните власти, кога наспроти важечките мерки за заштита од коронавирусот, организираше собир и фрлање на крстот за празникот Богојавление.

-Се препорачува на епархискиот архијереј да ги има предвид изјавите и повиците на споменатиот свештеник и да постапи согласно на своите надлежности, стои во соопштението од Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски