Не помина предлогот на Апасиев за надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани

Од:

Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, не го прифати предлогот на Димитар Апасиев, дневниот ред на денешната седница да се дополни со надзорна расправа за трагедијата во Кочани. Причина за неприфаќање на овој предлог, како што посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, е тоа што веќе е во тек иницијатива за расправа за трагедијата во Кочани што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но се чека да заврши истрагата и да биде објавен обвинителниот акт па потоа да се расправа на темата во Собрание.

Предлог беше одбиен со девет гласа „против“ и три гласа „за“.

Таа нагласи дека никој нема против да се разгледува оваа трагедија во Собранието, но смета дека е хумано и правно да се заврши со истрагата официјално, да се види обвинителниот акт, па потоа, како што рече, да имаме навистина за што тука како пратеници и народни избраници да расправаме на темата трагедијата во Кочани.

-Да се разјасниме по однос на оваа поднесена иницијатива на пратеникот Апасиев, до претседателот на анкетната комисија Апасиев, дека во тек е веќе една иницијатива, која што е поднесена до Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, која што, исто така, се однесува за трагедијата во Кочани и нема потреба да правиме паралели. Нема потреба од дуализам во ова собрание. Веќе е во тек, се собираат списоци за да се поканат гости, но мора да нагласам, а и целата македонска јавност знае, дека истрагата се уште не е завршена, да почекаме да биде формиран тој обвинителен акт, па потоа како пратеници да расправа на тема трагедијата во Кочани, изјави Стојаноска.

Претседателот на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Апасиев, на почетокот на денешната седница, на чиј дневен ред е само една точка – Годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2024, побара тој да се дополни со уште една точка за надзорна расправа за трагедијата во Кочани, порачувајќи дека „не можеме како ноеви со главата во песок да се втурнуваме, затоа што ова е трагедија од европски, па и светски размери и мислам дека несериозно е од нас како институција ова да помине без, макар и надзорна расправа во Постојаната анкетна комисија“.

Оваа Иницијатива од страна на член на матично тело, како што посочи и пратеникот од Левица, е последно средство преку кое би се дошло до конечна собраниска расправа. Апасиев истакна дека оваа Иницијатива доаѓа откако Иницијативата за одржување на надзорна расправа понудена од страна на пратеникот од Левица од Изборна единица 3 – Борислав Крмов, со месеци не може официјално да се поднесе бидејќи не се собрани потребните 15 потписи, односно, потпишани се само шестте пратеници од Левица и никој друг.

За жал, мнозинството во Комисијата, предводено од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, гласаше против овој предлог на пратеникот Димитар Апасиев, и со три гласа „за“ и девет „против“ – Дневниот ред не беше дополнет со Иницијатива за одржување на надзорна расправа за пропустите на државните органи кои придонесоа за трагедијата во Кочани, велат во реакцијата од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал