А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Не можам да бидам осуден со доказ со кој ми се прекршени човековите права, смета Груевски

by А1он05/09/2018 - 12:1605/09/2018 - 13:17232
Share0

Во жалбата на експремиерот, Никола Груевски, полна со цитати од пресуди на Европскиот суд за човекови права се наведува дека не може да биде осуден само врз основа на бомбите, бидејќи, како што навел, тоа се незаконски обезбедени докази со кои му се прекршени човековите права.

Добивај вести на вибер

Груевски навел дека бомбите се копија, а не оригинални докази и дека не било дозволено утврдување на автентичноста на бомбите. Груевски во жалбата до Апелацискиот суд пишува дека СЈО ги селектирало само оние бомби кои ним им одат во прилог, а до него лично како обвинет не биле доставени бомбите како доказ. Се жали и на вештачењата на ЕОС Консалтинг кои ги нарача СЈО.

Денеска е последниот ден Апелацискиот суд да одлучи по жалбата на поранешниот премиер Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

За случајот „Тенк“, Груевски како поттикнувач за извршување на делото е осуден на две години затвор, а поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Васко Маглешов

gruevskisjotenk

Би можело да ве интересира

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

Горан Наумовски03/05/2026 - 10:18

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Горан Наумовски21/04/2026 - 17:04

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски16/04/2026 - 11:4316/04/2026 - 11:44

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:2126/03/2026 - 13:28

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Горан Наумовски12/02/2026 - 13:20

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 09:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто