Најчесто повикувана категорија на граѓани од страна на политичарите се неопределените. Токму оние кои се потребни на двете страни, за едната од нив да поентира. По дефиниција или по природата на нештата многу е логично сите ние кои сме во политиката без оглед на тоа каде припаѓаме, секојдневно со сите демократски механизми да ги повикуваме и анимираме.
Македонија и мекедонската политика оддамна ја карактеризира извртувањето на тезите. Не е нити за изненадување нити за чудење тоа што власта и незјините зависни/независни експерти, знаејќи дека најголем процент од неопределените никогаш нема да бидат за нив, измислија фиктивна одбрана на неопределените кои пак фактички се нападнати од власта.
Па така се изначитавме стотина колумни, стотина изјави кои имаат за цел да ги одбранат неопределените од секојдневното нивно врбување од страна на опозицијата. Манипулациите одат до таму што денес веќе е нормално во име на неопределените да зборува власта, а не е нормално некој опозиционер да ги запраша зошто се однесуваат инертно.
Денес не знаеш дали Каракамишева или Дескоска се партиски портпароли или сериозни професори по право. Толку дијаметрално спротивни толкувања за една иста работа, иако морам да признаам дека Дескоска ми е многу поблиска до моите убедувања и до мојата перцепција на работите. Фала му на бог за интервјуто на почитуваниот Шкариќ, за конечно на сите кои сме лаици за правото, уставот и уставниот поредок, точно едноставно а и со огромна лежерност да ни објасни што е правно, легитимно и издржано.
Не брани ме брате Бруте?…..Од што ги браните неопределените? Од опозицијата која мора да си оди од “власт” или од вас самите кои мора да останете на власт по секоја цена. Само со вакви испревртени реченици може да се опише вашата испревртена реалност.Но, тука се отвора и една друга дилема. Зошто не ги доживувате подеднакво непоределените и партиските припадници. Зарем не треба да го имаат истиот третман? Зошто оние луѓе кои секојдневно се со нас во битките, било власт, било опозиција се најмалку испочитувани. Одговорот е многу едноставен. За нив имате чувство дека ги поседувате. Но, за жал не само што не е така, туку за таквиот став освен жалење немам никаков друг коментар.
Јас пред само неколку денови одлучив во нити еден мој следен јавен настап, и во нити една колумна нема да се обраќам на неопределените. Занете и зошто? Затоа што сфатив дека ги нема. Не постојат.Затоа што јас ги изедначувам. Сите се исти и еднакви. Затоа што нам оддамна ни е потребно граѓанско општество.
Сите сме ние определени. Сите ние имаме некакви ставови. Сите ние избираме дали ке ги кажеме гласно, дали ќе гласаме, дали ќе бојкотираме итн итн……. Но, за разлика од власта која никако не сака да почнат да се будат пасивните, сметајќи ги како не толку предвидлива категорија, зборувам со нивниот речник, јас не можам да бидам лицемерен и да кажам дека немате одговорост. И нечија незаинтересираност подлежи на огодворност. Опортунитетен трошок е тоа. Испуштена шанса…….Не е поентата дали ќе излезете да гласате, тоа е и најбаналното.
Но, да се разбереме, и седењето дома е дејствување…Не смееме да заборавиме дека и секое дејствување па макар и пасивното си носи некаква одгвоворност.Сите ние сме некоков процент. Дали ќе бидеме во категориите излезност, неизлезност, во важечки или неважаечки, не е важно. Статистиката не брои. На крајот на краиштата, важно е да сфатиме дека само животот кој се гледа низ призмата на одговорност може да продуцира успех или пак неуспех. Вегетирањето е третата варијанта, но ние сме луѓе нели, не растенија?
Во оваа земја проблем се и зависните/независните.Не знам, со какво лице некој зборува за свежина во политката кога најголем дел од зависни/независни листи се нарачани актери кои треба да ја одиграат улогата на опозицијата. Кој може да верува во независноста на еден поранешен функционер од СДСМ, кој не бил кадар да се изменаџира себе си и своите ставови во матичната партија, да биде кадар да ги изменаџира интересите на граѓаните во советот?
Да се разбереме, јас сум голем симпатизер на независните, но на оние вистинските. А, вистиснки се оние кои немале претходно партиски функции и кај кои партијата со ништо не придонела во нивното јавно експонирање.Само таквите независни, произлезени од народот кои скоро и да ги нема, можат да бидат коректор, противтежа и претставници на ставот на помалкуте но подеднакво важните.
Сите ние останатите, етикетираните, партиските функционери, сите ние кои сме добиле јавен простор заради партијата, немаме морално право иако законско да, нашето име да седи во иста реченица со зборот независност.Тоа е чесност.Така и никако поинаку. Времето е клучно, премногу кратко за оној кој треба да сруши некаков рекорд, премногу долго за осамениот а драгоцено за луѓето кои се наоѓаат во коматозна состојба. На една или на друга страна, сам или со другите, со став или со отсуство на истиот, ние дејствуваме, вака или онака.
Дејан Блажески
Либерално демократска партија
(авторот е докторант од областа на економските науки)
Текстот е превземен од Ohridnews