„Национална Демократска Преродба потенцира дека рокот на Рамковниот договор и е истечен во 2004 година, и сега на овој договор местото му е во библиотеки на различни универзитети во и надвор од земјата. Овој документ може да биде дел од конференции, семинари и различни академски дебати и не треба да биде составен дел од секојдневниот социјален живот, во создавање на континуиран заложник на цела една популација.
НДП истакнува дека е абсурдно и иронија во себе да се продолжи да се дискутира за имплементација на Охридскиот договор на кој и истекол рокот пред 11 години. Сега сите ние сме сведоци дека договорот го спречи конфликтот во 2001, и со сите добри и лоши страни во себе, на овој договор треба да и се даде заслуженото место во академскиот свет, и ништо повеќе“, се вели во соопштението на НДП.