Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

Од:

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое го предводи првиот вицепремиер Артан Груби со голем музички спектакл на плоштадот „Скендербег“ во Скопје ќе ја одбележи 21-годишнината од склучувањето на Охридскиот рамковен договор и започнувањето на преговори за полноправно членство во ЕУ.

Министерството организира музички хепенинг „Мировен фестивал“ и школа за млади лидери во Маврово наречена „Peace forum dialogue“ кои граѓаните ќе ги чинат 70.000 евра. Ова за „А1он“ го потврдија од кабинетот на првиот вицепремиер Артан Груби:

„За сите манифестации за одбележување на Охридскиот мировен договор од буџетот на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците се одвоени средства во износ од 4.200.000,00 денари и за реализација на одбележувањето на 21-годишнината на Рамковниот договор е задолжена Агенција. Истата согласно склучениот договор веќе објави оглас за пријавување на млади за учество на првата школа за млади лидери наречена “Peace forum dialogue” согласно програмата на Владата усвоена во Собранието“, истакнаа од министерството за политички систем.

Оттаму рекоа дека целта на оваа школа е да ги спои одбележувањата на Охридски, Преспански и договорот за добрососедство со Бугарија заедно со целокупна тридневна организација на школата со над 90 учесници и неколку предавачи.

Во сабота ќе се одржи и првиот Мировен фестивал кој заедно со школата треба да стане традиционален настан.
„Ќе ангажираме домашни и странски естрадни ѕвезди и бендови за првиот Мировен Фестивал “Peace Festival” кој што, заедно со школото, целиме да стане традиционален настан и да прерасне во неколкудневен фестивал налик на Sunny Hill Festival и Exit.“

Од министерството рекоа дека настапот на фестивалот на плоштадот „Скендербег“ го потврдиле Антониа Гиговска, Мајк, Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б.
На прашањето дали треба во време на економска криза да се трошат пари за ваков вид на прослави, од кабинетот на Артан Груби рекоа дека договорот е темел на македонското општество кој години наназад се слави и треба тоа да продолжи во иднина.

„Рамковниот договор е многу значаен за безбедна иднина и демократска изградба на РСМ. Со Рамковниот Договор се поставени темелите врз кои се трансформираше нашето мултиетничко, мултиконфесионално и мултикултурно општество, се подобри општествената кохезија и демократскиот живот со што се отвори патот на земјата кон евроатланските структури. Затоа сметаме дека одбележувањето на Годишнината на Рамковниот договор којашто години наназад традиционално се слави, треба да продолжи и во иднина“.

Би можело да ве интересира

Артан Груби имал две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, Џафери ќе одлучува дали ќе го казни

Орце Костов

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа уцени, Груби и Ахмети сакаат вечно да владеат

Левица поднесе кривична пријава против Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот

Директорите на ДУИ за кои Меџити вчера кажа дека се на боледување, се „разболеле“ по директива на Груби

Александар Тодески

Стоилковски: Лотарија на дуото Груби- Бајрами за 13 месеци дава 19 милиони евра за апарати за коцкање

Стоилковски: Во само две недели Државна лотарија на ДУИ дала 12 милиони евра за апарати за коцкање