И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

Од:

Владо Јаневски го откажа настапот на Мировниот фестивал кој министерството за политички систем на Артан Груби го организира во рамки на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Владо Јаневски се огласи на Инстаграм со објава дека нема да пее на прославата на плоштадот „Скендербег“ на 13 август.

„Владо Јанески не настапува на прославата која се одржува на 13.8.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, се наведува во официјалното соопштение на профилот на пејачот.

Јаневски требаше да биде замена за Антониа Гиговска која вчера го откажа настапот на плоштадот затоа што не знаела дека менаџментот ја пријавил на настан со политичка конотација.

„Антониа Гиговска нема да биде дел од настанот “Peace Festival“. Менаџментот прифати ангажман за кој не знаев / не знаевме дека има политичка конотација, па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит кон организаторот и кон било која политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од такви манифестации ,ниту некогаш сум била.. Политиката не ме интересира. Мојата работа е да правам музика која ќе остане и на фановите да им го дадам најдоброто од мене. Ваша Антониа“, гласи пораката која ја испрати до „А1он“.

Во сабота ќе се одржи и првиот Мировен фестивал кој заедно со школата треба да стане традиционален настан. По откажувањето на Антониа и Владо Јаневски се уште нема информација од кабинетот на Груби дали ќе се ангажира друг македонски пејач или фестивалот ќе помине само со изведувачи од странство.

Од министерството рекоа дека настапот на фестивалот на плоштадот „Скендербег“ го потврдиле странските пејачи од Албанија и Косово: Мајк, Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б.

„Ќе ангажираме домашни и странски естрадни ѕвезди и бендови за првиот Мировен Фестивал “Peace Festival” кој што, заедно со школото, целиме да стане традиционален настан и да прерасне во неколкудневен фестивал налик на Sunny Hill Festival и Exit.“

Министерството организира музички хепенинг „Мировен фестивал“ и школа за млади лидери во Маврово наречена „Peace forum dialogue“ кои граѓаните ќе ги чинат 70.000 евра.

Би можело да ве интересира

Владо Јаневски – бренд амбасадор на NISSAN QASHQAI

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ

Кој лаже и кој е „фејк њуз“ – Антониа Гиговска или „А1он“?

Орце Костов

Антониа Гиговска му откажа на Артан Груби: Менаџерот ме пријавил без да знам, мене политика не ме интересира

Орце Костов

Артан Груби ќе фрли 70.000 евра за прослава на Рамковниот: Сакаме да прерасне во фестивал како Егзит

Орце Костов

ВИДЕО: Успехот на Камала Харис се слави и во мало село во Индија

Катерина Ѓуровски