Почина Владо Јаневски

Од:

По кратко боледување, вечерва почина македонскиот пејач и композитор, Владо Јаневски.

Владо Јаневски беше еден од најзначајните македонски поп-пејачи, композитори и текстописци, кој остави длабока трага во домашната музичка сцена. Со кариера што траеше повеќе од четири децении, тој изгради препознатлив музички стил и создаде бројни песни што станаа безвременски хитови.

Музичката кариера ја започна во 1980-тите како член на повеќе музички состави, а во 1990-тите започна успешна соло кариера. Во текот на годините објави повеќе студиски албуми и десетици хитови, меѓу кои „Не зори, зоро“, „Евергрин“, „Некогаш и негде“, „Не ти го давам срцето“, „Тајна отровна“, „Повторно се заљубувам во тебе“ и многу други, кои и денес се дел од македонската музичка антологија.

Во 1998 година испиша историја како првиот претставник на Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Со песната „Не зори, зоро“ настапи на Евросонг во Бирмингем, означувајќи го дебитантскиот настап на Македонија на ова натпреварување.

Покрај како изведувач, Јаневски беше ценет и како автор, а неговите композиции ги изведуваа и други музички имиња од Македонија и регионот. Со својот препознатлив вокал, романтични балади и богато музичко творештво, тој остана едно од највлијателните имиња во историјата на македонската забавна музика.

Би можело да ве интересира

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on