Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни, со емотини пораки, јавните личност се простуваат од Владо Јаневски

Од:

Веста за смртта на македонскиот пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски, кој почина вчера на 65-годишна возраст по кратко боледување, предизвика бран од реакции и емотивни пораки од неговите колеги, пријатели и јавни личности.

Една од првите се огласи Каролина Гочева, која сподели заеднички фотографии со Јаневски, придружени со песната „Не заборавај да се сетиш на мене“.

„Владе мој, збогум со мојата најомилена песна од тебе… и никогаш нема да заборавам…“, напиша таа.

Калиопи се прости со емотивни зборови, потсетувајќи дека Јаневски ја нарекувал „Каља“.

„Си замина тивко, без поздрав… Ми беше другар, а јас твојата Каља… Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме… Некогаш и негде…“, напиша пејачката.

Со кратка, но силна порака се огласи и актерот и шоумен Игор Џамбазов.

„Збогум, Владо… Понекогаш зборовите не се доволни. А понекогаш се излишни. Слава ти! И ти благодарам за сè што направи…“

Манекенката Катарина Ивановска, која се појави во видеоспотот за песната „Ако не те сакам“, сподели кадар од спотот со емотикон од бел гулаб.

Актерката Весна Петрушевска се прости со зборовите:

„Шепни му на малиот горе дека нема веќе полско цвеќе. Ќе фалиш“, алудирајќи на Тоше Проески.

Подоцна таа сподели и извадок од роман на Фјодор Достоевски, додавајќи:

„Знам дека го сакаше… не знам што да кажам… ќе фалиш…“

Од манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“ порачаа дека Владо Јаневски ќе остане запаметен по песните што „ќе останат вечни спомени за љубовта, разделбите и најубавите моменти што ги носиме во себе“.

Пејачката Тијана Дапчевиќ исто така се прости од својот долгогодишен пријател.

„Другарче мое… мирно патувај кон вечноста… многу ќе ѝ недостасуваш на твојата ‘Тијанисимо’… ме искрши.“

Дарио Панковски се потсети на долгогодишното пријателство и заедничките настапи.

„Толку многу години заедно на сцена и толку многу работи сме поминале заедно, што би можел книга да напишам… Ова беше пребрзо, шокантно, трагично и некако… нестварно. Нека ти е вечна слава, мој Јаневски, многу ми е жал, многу…“, напиша Панковски.

Со емотивна порака се огласија и Бобан Милошески и продукцијата „Авалон“, кои со стихови од една од најпознатите песни на Јаневски напишаа:

„Владо, ако нема некогаш и негде, ништо не си изгубил. Остануваме овде, ние, секој ден да глумиме лудило, дека е сѐ како што треба, а ништо не е и нема да биде без сите вас, кои вака тивко, а пребрзо си одите! Значи, Владо, некогаш и негде! Биди раат.“

Раперот Слаткар истакна дека Македонија изгубила еден од своите најголеми музички автори.

„Замина Владо Јаневски, еден од најголемите македонски поети на 21 век. Неговите стихови и песни ќе живеат засекогаш. Вечна му слава.“

Заминувањето на Владо Јаневски остави голема празнина на македонската музичка сцена. Неговите безвременски песни и стихови ќе останат трајно сведоштво за неговиот огромен придонес кон македонската музика и култура.

Би можело да ве интересира

Почина Владо Јаневски

И Владо Јаневски му откажа на Груби: Ќе има ли македонски пејач на прославата за Рамковниот?

A1on