НДМ: Заев и Борисов утре да излезат и со заедничка изјава за Мировниот договор и историската Бледска спогодба со Бугарија

Од:

„Народно движење за Македонија ја поздравува серијата заеднички средби на македонската влада со владите на соседните земји кои стартуваат со утрешната средба на македонската и бугарската влада во Струмица.

Впрочем, владините заеднички средби се добра прилика за изворно решавање на заедничките проблеми меѓу соседните земји.

Во таа насока, НДМ го повикува премиерот Заев да побара утрешната средба да се дополни и со точката усвојување на заедничка изјава со Бојко Борисов за реафирмирање на определбите од Мировниот договор со Бугарија од 1947 и историската Бледска спогодба од 1947 меѓу владите на тогашна Федеративна Народна Република Југославија и Бугарија а во поглед на кои Република Македонија може да се смета за сукцесор според правилата на меѓународното право во областа на меѓународните договори.

На тој начин се отвора патот за искрено добрососедство во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на КЕБС/ОБСЕ, а во услови на сегашното целосно негирање на Македонците во Бугарија.

Да потсетиме, со меѓународно-правно се уште важечките Мировен договор и Бледската спогодба од 1947, Бугарија е во обврска да не дозволи никаква дискриминација меѓу своите државјани и да ги осигура сите права на човекот и основните слободи со што во во тој период во Бугарија во училиштата се воведува настава на мајчин македонски јазик, книжарници со македонски книги, македонски народен театар и други можности за изразување на македонската национална припадност и култура и на крајот откажувањето на Југославија од репарациите кои беа одредени во износ од тогашни 25 милиони долари со Мировниот договор од 1947 година“, се вели во соопштението на НДМ.

Би можело да ве интересира

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Протести во Бугарија поради американските авиони: „Не сакаме да станеме цел во туѓа војна“

Бугарскиот парламент одобри распоредување на американски авиони во базата Безмер