НДМ: Ако може за Вранишковски, веднаш слобода и за Љубе Бошкоски

Од:

„Народно движење за Македонија ќе ја смета за оправдана политичката одлука на македонскиот државен врв завиена во правна обланда за условен отпуст на отпадникот, расколникот и српско-грчкиот шпион, Јован Вранишковски, но, само доколку на средбите со рускиот Архиереј, Иларион Алфеев, под чиј притисок е донесена одлуката, се договорени чекорите за конечното вразумување на Српската православна црква во поглед на автокефалноста на Македонската православна црква.

НДМ и во оваа прилика повторно го повикува државното обвинителство најпосле да постапи по кривичната пријава на НДМ од 9 февруари 2004, против расколникот Вранишковски за шпиунажа, а која сеуште е закочена во фиоките на обвинителството.

Истовремено, ги повикуваме надлежните политички и судски органи преку законски дозволените институти-условен отпуст, помилување, амнестија, веднаш да го ослободат Љубе Бошкоски од занданите во Идризово.

Дотолку повеќе, кога надлежните органи покажаа милост со вчерашното излегување од затвор на Вранишковски, кој, патем, работи на разнебитување на македонската нација и црква, тогаш, нема дилема дека веднаш на слобода мора да се најде и Бошкоски кој, пак, беше на браникот на државата за време на Татковинската војна во 2001 година.

НДМ се надева дека државниот врв ќе покаже доволен државнички капацитет, бидејќи, ослободувањето на Бошкоски нека биде почеток за прекин на погубната македонска традиција за негирање на заслужните дејци, а несомнено ќе доведе и до извесна релаксација на тешката политичка и државна криза во земјата по актуелните обвиненија за шпионски активности и обиди за рушење на уставниот поредок“, се вели во соопштението на Народно движење за Македонија.

Би можело да ве интересира

Испукани три куршуми кон таткото на киднапираниот Самоил, еден го погодил во глава, еден во рамо: Костадиновски ќе биде опериран

Орце Костов

(ВИДЕО) Детали за инцидентот во Лисиче: Напаѓачот пукал кон таткото на Самоил, паднал од мотор и избегал

Орце Костов

Едно лице пукало пред домот на Самоил Костадиновски, повредениот е во болница, потврдија од МВР

Орце Костов

Пукано кон таткото на исчезнатиот внук на Љубе Бошкоски

А1он

Обединети за Македонија: Груевистичките мегафони не стивнуваат

ВИДЕО: Го бара ли некој киднапираниот Самоил – И по еден месец се уште ни трага од него

Анита Петровска Рајковиќ