Навивачи нападнале полицаец

Од:

Вчера околу 18.30 часот на градскиот стадион во Штип, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК-Победа Јуниор од Прилеп и ФК-Влазрими од Кичево, навивачите од навивачката група „Мајмуни“ на ФК-Победа Јуниор, почнале да скандираат пароли со национална омраза против навивачите на ФК-Влазрими и се обиделе да се прекачат преку оградата и да влезат на теренот, при што од страна на УПС со поставување во кордон биле спречени во намерата.

Тие продолжиле со извикување на пароли со национална омраза и со обид да го пробијат кордонот лицата А.З. и М.Д.(1991) од Штип постојано ги повикувале навивачите физички да се пресметаат со полициските службеници и упатувале разни навреди кон униформираните полициски службеници, а А.З. им ги влечел штитовите и удирал со нозе по нив, а во еден момент физички нападнал еден униформиран полициски службеник удирајќи го со тупаница во пределот на носот.

Истиот е совладан и приведен во ПС-Штип за понатамошна постапка. Од страна на УПС од ПС-Штип воспоставен е ЈРМ, а против А.З. ќе биде поднесена кривична пријава по чл.383 ст.1 од КЗ на РМ. СВР-Штип презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он