Натпревар во спортски риболов во Делчево

Од:

Езерскиот комплекс Сандански денеска беше домаќин на натпреварот во спортски риболов кој имаше натпреварувачки карактер. Десетина пријавени учесници се натпреваруваа во ловење крап, а за најдобрите од страна на општина Делчево беа предвидени симболични награди.

Организаторот во целост беше задоволен од одзивот на спортските риболовци од Делчево.

– Ова беше натпревар кој по 10 пат се одржа на езерскиот комплекс Сандански. Благодарност до сите кои со своето учество дадоа свој придонес во организацијата на овој настан кој веќе станува традиционален. Посебна благодарност до општина Делчево која беше главен покровител на настанот, истакна Ванчо Стојмирски, од Спортското риболовно друштво „Брегалница“.

По завршувањето на натпреварот првата награда во вредност од 3.000 денари ја освои Александар Захариев, второто место и наградата од 2.000 денари му припадна на Славчо Попов, додека третоплсиран беше Ванчо Стојмирски кој освои 1.000 денари.

Би можело да ве интересира

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска

На Дебарско Езеро во сила забрана за риболов на клен и скобал, а следува и на крап и мрена

А1он

Запленети 68 мрежи во акција против рибокрадци на Охридското езеро

Наум Локоски

Интернационално крапско дружење на акумулацијата Палурци

Ана Ололовска

Спортските рибари бараат запирање на економскиот риболов на Дебарското Езеро

Ана Ололовска

Почна риболовната сезона на Калиманци

Наум Локоски