Наставнички пленум бара повлекување на екстерно и да бидат вклучени во наредни анализи

Од:

Наставничкиот пленум бара повлекување на екстерното тестирање и вклученост во наредни анализи. Во соопштението пишуваат:

„Никој освен нас, наставниците, професорите и ученците не може подобро да ја познава состојбота во образованието и сите проблеми со кои секојдневно се соочуваме. Како наставнички пленум, ние инсистираме да бидеме директно вклучени во измените и носењето нов закон што нè засега нас и нашите ученици.

Нашиот став е дека екстерното тестирање е само капка вода во морето од проблеми и дека истото никогаш нема да го подобри ниту знаењето, ниту одговорноста кај завршениот срденошколец. Би сакале да истакнеме дека, освен екстерното тестирање, имаме уште многу други проблеми врзани со квалитетот и недостатокот на учебниците, но и со недоволно осмислените и несоодветните програмите.

Досега ништо од спроведените реформи не придонесе во насока на подобрување на состојбата. Токму затоа ние бараме повлекување на екстерните испити и инсистираме да бидеме вклучени во секоја наредна анализа и обработка на законите со наши предлози и мислења. Знаењето на учениците е пред сè наша одговорност и ние не сакаме да бегаме од неа! Сакаме да се чуе нашиот глас, нашиот став и нашите мислења. Ние не сме статисти, туку актери во креирањето на иднината на младите. Нема да престанеме да се бориме за подобро образование! Тоа им го должиме на нашите ученици, на нивните родители и на нашата земја!“, стои во соопштението на Наставничкиот пленум.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ