Народот го разболевте, сега и го умирате

Од:

Богатиот и во странство е како дома, а сиромашниот и дома е туѓ

Златото рѓа не фаќа, ама затоа за него се фаќаат само рѓи

Мислев дека после последното простување со најголемата катаклизма здравствена и човечна не мислев дека пак ќе се навратам и дури и да се сетам на министерот СМРТ. Но како и секогаш по непишано правило се што е шупливо испливува секогаш на површината. Нови смртни случаеви поради дефекти поради немање на основни средства за заштита на човечките животи. После моите објави за се што се случува со возилата и начинот на кој работат тие партиски војници таму, за несервисираните возила на итната медицинска помош за црните лаги на одговорните директори, раководители и дури и самиот министер СМРТ немаше реакција и се случија и смртните случаи.

Тодорофф пробуваш нови методи на транспорт на два пациенти, ајде пробај и на три може ќе ти успее. Се покажа дека целото ѓубре се има пикано под тепихот и сега дури и цевката експлодира и тоа канализациона во здравството и се разлеа реата и фекалиите од раководењето на Тодорофф и послушната екипа околу него, за жал полупразна и лакома па затоа послушна до ГРОП. Ех од сите страни на Македонија која лелека се слушаат пискотници од здравствениот хорор кој го предизвикавте а лажевте дека го кревате и дека сме меѓу првите во Европа , само во која Европа на која планета?

Од секаде пристигнуват снимки и жалби и за начинот на работењето и неписмениот кадар секако партиски и за апаратурата која дури само инквизицијата ја имала ама за мачење а не за лекување, а ти Тодорофф купуваше наводно опрема за 22 век нели, или пак калкулираше со дигитронот на твојот телефон колку од каде и што да се земе? Дали знаеш, а знаеш дека не работи ортопедија државна клиника за ортопедија нема материјал заради твојот тендерски калкулатор. Колку пати тендерот е поништуван, дури и врапчињата знаат, а камо ли колегите кои се таму и кои се жалат постојано дури и штрајкуваа ама попусто. Колку само бебиња и заради кого се починати на ГАК само во оваа недовршено тромесечје?

Бројките и ти наскоро ќе ги дознаеш ама јавно. Кучиња глутници шетаат низ клиничкиот центар спијат пред вратите на клиниките пациентите не можат да влезат а послушниците немо го гледаат тоа бидејќи знаат дека и онака и да влезат пациентите внатре нема со што да ги лекуваат. Затоа се договорени со приватните болници кои се збогатија преку ноќ и со насмеани лица ви ги празнат џебовите. Е сега за уште сериозно озбилен проблем кој подоцна ќе ни се сруши на целата наша популација која живее во Македонија. Психичката тортура која се случува во моментот, влијае на севкупното психичко здравје на нашите граѓани.

Тотална политичка неизвесност и ваков невиден притисок не е запомнет никогаш до сега. Заложници се сите слободоумни луѓе во Македонија поради една мала група криминалци. Нивните заштитници се на улиците но погледнете им го психичкиот профил на тие луѓе што ги штитат, на незавидно ниво им е и интелегенцијата и познавањето на работите, законите и владеењето на правото. Како можеа сите видни личности да потклекнат на режимските пари? Зар незнаат дека никогаш веќе нема да можат да погледнат во лице на своите сограѓани, место да сплотуваат тие разединуваат ете што прави клетата пара. Но сепак апелирам до мојот сакан народ бидете мирни и спокојни немојте да дозволите да влијае оваа смислена психичка тортура врз вашето здравје. Слободата доаѓа во Македонија.

Верувајте дека никој нема да ви го надомести оваа мачење и оваа тензија, верувајте во вашите најмили и штитете ги не дозволувајте бандава да ве нервира и разболува, тие се спремни на се! Одземаа невини животи, уништуваа цели семејства не дозволувајте повеќе никогаш да го сторат тоа, оваа зло повеќе да не и се случи на Македонија. Утре е нов ден а секој ден носи и нови предизвици бидете ми живи и здрави, силата е во сите вас заедно сплотени!

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска