Народе, пази си јајцата и тоа крадат

Од:

Колку посакувам сите граѓани на Македонија да бидат здрави среќни и бериќетни, да живеат слободно, задоволно, стабилно, градејќи ја заеднички својата иднина. Големината на една нација се гледа во сплотеноста, заедништвото, безразличието и силно стисната тупаница против секој што би сакал сето тоа да го наруши или да проба го уништи.

И ѕвони ѕвончето на мојата врата и што ќе видам едно девојче ми пружа една дебела црвена книга на која пишува ОТЧЕТ за сработеното на Владата на РМ. Не прашував ништо повеќе, се заблагодарив и како секој свесен трезен граѓанин си дадов задача да ѕирнам и да видам што е тоа се сработено, а ја да не знам како интелектуалец, како плаќач на данок и како човек кој е лекар и се грижи за здравјето на нашиот народ. Драг мој народе, мој народе напатен, тоа ни најголемите маркетинг директори , најголемите магионичари, најголемите писатели , најголемите режисери, најголемите сценаристи не би можеле да го смислат и напишат. Па велам, како бе ние да сме сиромашни со толкави виртуози на чело на државата, како па тие би го прелажале, а го лажеле и Обама и Путин и сите заедно цел свет прелажале, а не па нас, сите пари би им ги исцрпеле и дури ќе ги убедат дека го прават оваа за доброто на своите нации.

Седнав запалив една цигара, па уште една потоа и неможев да се изначудам колку слеп сум бил, а при очи, тоа сигурно важи и за целата наша популација . Ме болеше и помислата дека ова може да ни се случува нам на народ кој е мирољубив, трудољубив, трпелив и кој знае да си ја носи достоинствено својата мака и болка. Се прашував повикувајќи се на сето онаа медицинско знаење во мене кој профил на луѓе се способни на сето ова , на сето ова криминално дејание, а во само еден момент да не помислат на тоа што ги очекува доколку ваква мрачна замисла, оваа маска им падне и се појави се на виделина?

Не можев да се “изнасладам и израдувам “ на делот за здравството на отчетот на големиот Тодоров ОН-ОФФ, па се надминал себе си навистина да не бев сведок на се што се случуваше ќе ми беше идол. Па добро бе, имаше ли малку усул во пишувањето на ново дури измислено идно време , па и не се чудам дека може да измисли ново идно време бидејќи го раководеше и обраованието, образован си ти многу. Значи само на кратко сите капитални проекти се огромна дубиоза која се и надзираше со луѓе како вас, новиот клинички центар , новата Штипска клиничка болница, дури и специјалната болница Козле ја отвараше и се сликаше сто пати со неа, а не функционира како што треба уште е само со голи ѕидови, без апаратура, без персонал.

Претходно носеше бугарски и стари вакцини и дури сега ти текна да ги донесеш најбитните, од кога направи фама меѓу нашиот народ, а последиците од невакцинирањето тек ќе следат, стари апаратури, стари лекарства, спинални центри, кардиохирургии кои не функционираат, лош едукативен систем и мал билион други грешки кои ни ги наметна како бреме за да мораме ние да се справуваме со нив.Е па вака тајфо багабонтска нашиот народ се сплоти баш против таквите како вас, не се чудете, не викајте го овој народ хулигани, дојдете и видете тоа се ученици, студенти, доктори, професори, магистри, стари, млади, богати, сиромашни, и да, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Роми, Египќани и се што постои во нашава преубава Македонија, се сплотија како една тупаница, една ама силна за да ве протера вас тие кои ни ја системски уништувавте државичкава и онака крваво стекнувана со векови , нема да ја разнебитите и нема да го поделите народот прашање на време е кога и вашите послушници ќе се свртат против вас.

Шаренилото на револуцијата ги содржи сите бои на еден сончев зрак , сонцето означува нова слобода нова иднина и да овие денови прекрасен празник народе мој внимавај да не останете и без тоа малку јајца кои се симбол на празничната трпеза бидејќи овие крадат се, клептомани се.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска