Народе Македонски биди здрав, Тодоров нема да ве лекува, ќе ве бања

Од:

Со најдобра, најискрена намера отидов да дадам свој придонес на Комисијата за здравство при Собрание на РМ и да се заложам да може смешниот предлог закон за слободни здравствени зони да биде повлечен, ама од расправата ми се потврди стравот кој идеалистички се обидов да го апстрахирам, дека целта на предлагачот на законот не е поквалитетна здравствена услуга, економски развој, повисок стандард, повисоки плати, поголем буџет, туризам,туку еден феудален однос на Груевски за да си ги зашити олигархиските интереси и немилосрдните бизнис амбиции на мегаломанската фамилија која сака под својот шинел после обезбедувањето, градежништвото, земјоделието, банкарството, млекарството да го стави и здравјето на граганите во РМ. Е тоа треба да им го изведе џиуџицу-министерот Тодоров.

Овој предлог закон е дел од низата штетни , непромислени и неприменливи во пракса закони, кој што се донесени од страна на парламентарното мнозинство предводено од ДПМНЕ, инспирирани и прaктицирани преку раководната палка на министерот за здравство Тодоров, кој што не само што е залутан во здравството , туку веќе е тотално изгубен во преводот, пардон секоја почит за Софија Копола-тотално изгубен во очајот. Очајот на “All Around“ министерот со специјалистичка џиуџицу лиценца.
Заради целокупната катастрофална состојба во здравството , неопходно е работењето со професионалци, а не со партиски послушници (министерот од како ги “реши” инфраструктурните проблеми во медицинските установи , чисти чаршафи , здрави кревети , здрави прозорци , врати , инсталации , отпадни канти , стерилизација на инструментариум , потрошниот материјал за работа , лековите , статусот на специјализантите , неопходната најмодерна медицинска опрема , одлучи да нашиот здравствен систем го развива во правец на ИНВЕСТИЦИЈА во слободни здравствени зони . Дали пациентите ќе оздрават или ќе се доразболат во рамките на тие здравствени зони?

Без најмал морален момент министерот на расправата го исчита предлог законот повторно, па пак си се надоврза дека тоа е толку исправно и правилно, па си го кажа правилникот и на слободните економски зони, а бе да гледаш и да не веруваш, толку тивко го читаше тоа да не ти се поверува дали е тоа навистина министерот ТодорОФ или некој негов двојник. Гледав и не верував на своите очи како пратениците и сите кој што беа дојдени да образложат зошто овој предлог закон не треба да е во собраниска процедура , ТодорОФ не ги гледаше ниту ги слушаше, си играше со својот мобилен, а кога и да реплицираше постојано само се вртеше во круг и користеше излитени политички фрази .

Пред да побегне даде образложение дека имал итна работа во Министерството во здравство кое не ни функционира, а направи и еден невиден преседан-продискутира со еден од пратениците кои го спореа овој предлог закон и го критикуваа зошто е неповолен од економски аспект да му каже дека негова желба всушност е да отвори зона со хотели и да ги искористи минералните води исто како да сме Сандански – Република Бугарија. Толку добро ќе било што не сме морале да одиме во Сандански туку сите ќе сме иделе таму, се ќе имало таму ресторани, кафетерии, казина, масажи а бе еротика, го кажа како признание во неврзан муабет, а не на говорница. Бев во бунило како да поверувам на тоа што моите очи и уши го гледаат и слушаат она ли е местото каде се расправа конструктивно и се носат закони за овој народ , со сигурност она е филијала на владеачката структура и она е бачило.

Најзгрозен бев што дури не ни земав збор на расправата иако бев подготвен добро за да кажам пред министерот зошто да си го повлече овој смешен предлог закон од медицински аспект, иако само ќе напоменам овој предлог закон е еден од најсмешните, најконтраверзните и најнејасните пишани предлог закони во историја на Република Македонија со мал милион грешки направени од секаков апсект, правен, медицински, законски, даночени и да не ви набројувам, ми се појави горчина кога во првите редови седеа лекари докажани во својата фела, а беа во функција на министер кој е залутан во здравството, гледаа и спореа и оспоруваа и минираа се што ќе биде кажано, а јас ќе речам не беа ни доследни да го слушнат моето образложение бидејќи утре ќе биднат спомнати дури и од своите деца не само идните генерации како оние кои климаа со главите за се што ќе им беше кажано и наредено само за свои лични интереси. Член 7, 12 , 30 ,31,32 и т. н. закони кои се тотално надвор од разумот, кои се дискриминирачки за овој народ и се во спротивност на законите во државата само ги напоменувам ако некој од моите колеги сака да ги разгледа, прочита, протолкува и да се увери дека оваа што го пренесувам ни ја води фелата кон бездната, а и овој напатен и заблуден народ. И нека се замисли овој народ, во кој што толку се колне Груевски во последно време, нека одлучи на избори дали сака без пари да се лекува или дали ќе треба да земе кредит и да си ја стави под хипотека својата куќа, нива, својот живот, својата душа за да може да добие здравствена услуга во здравствените зони на Груевски и фамилијата. А ТодорОФ, што ќе работи тој…Тој ќе може да биде обезбедување на лекарите кои бегаат од измамените сиромашни родители, чии што деца умреле во диктаторските прегратки на фамилијата, или па ќе ве бања.

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска