Народе, Дедо Мраз ќе дојде и кај нас

Од:

Секоја приказна дали среќна или несреќна, си има крај

Што судба ќе имаше ова наше убаво државиче да му се случуваат толку ладни зими, жешки лета, долги есени, кратки пролетти и што ли уште не, земјотреси, поплави, громови, гдомови и секакви катаклизми од секаков неприроден вид. Па до сега ќе бевме Швајцарија на Балканот ама ете се задесија сите овие случувања. Ужас, можеби и НЛО не имаше посетено па се е заради виша сила, никогаш не е заради нас самите, никогаш не заради тие кои го раководат народот заради тие кои го дисциплинираат плебисот.

Чудесија, имавме толку голема сеопшто народна борба во 21 век која беше и чудо како успеавме да ја извојуваме покрај толку страшниот и нефер играч ама ете се е подложно на промена се се движи се тече или народски тркалото сепак се врти, еднаш си горе еднаш си доле. Ту штета што не го направија во рекорден временски рок Минчовото тркало како ќе беше убаво накитено, тоа 20 милиони кошта башка украсите 1 милион и топ процент за секој ќе имаше. За жал само за нашиот народ никаков процент дури ни за лекови ниту за болници ниту за дечиња на кои им треба помош дури и до степен да родителите си ги нудат своите органи за помош на своите деца е кичерајска мизеријо е властодржци до кое дереџе го доведовте сопствениот народ.

Едно ми е многу чудно дури и запрепастувачки ми делува во земја каде секој оди на факултет и се образува сеуште интелектуална слепост посатои дури и да не веруваш и после се што слушна народов се што виде се што доживеа пак некои останаа неми, глуви и слепи и го дадоа својот глас против слободата , абе македонче нели ти е доста или уште ќе ја живееш онаа мачна робовска историја. Некој народи со векови не беа слободни ама на крај го победија ропството и сега дури го управуваат светот само ти македонче тешко да ја избистриш главата. Малце тортура, убиства, казни истрга и уште сакаш? Па ајде сеа да ја опишеме идилата надвор предпразнично елки, лампиони, накитени улици, плоштадот свети ко лампион се троши струја ако народот ќе ја плати се е прекрасно. Дали се чуствува тоа во нашата држава во овие тешки моменти? Ќе ви кажам лично НЕ а мислам дека и вие исто така не го чуствувате сето тоа.

Дури не можете ни чист воздух да дишете болна ни е половина држава ама нема кој да се огласи. Зошто ќе прашате, па баш и зошто и досега немаше кој за ништо сите овие 10 години да одговори затоа зашто немаше луѓе од збор туку криминалци, мафијаши и клептомани кои не ги интересираше за вас. Сами знаете што ги интересираше и до кај ни ја доведоа државата. Затоа би сакал да ја честитам новата година на целиот мој убав народ кој живее во државата наша со желба за здравје, мир, спокој и заедништво , бериќетот ќе дојде наскоро ќе дојде со самата слобода и ослободувањето од прангите во кој живеевме. Ви посакувам да вие и вашите дечиња живеете во држава која ќе се грижи за вас по секаков начин. Во држава која свесни луѓе ќе ни ја уредуваат.Јас му пишав писмо и на Дедо Мраз што посакувам и сакав да ви го пренесам и на вас. Се надевам дека сепак Дедо Мраз овој пат ќе дојде и кај нас. Доста не му даваа да влезе на граница и му ги царинеа и ирвасите и поклоните и му ги конфискуваа а тие подароци беа за вас народе мој. Нека ни е среќна новата година во слобода!

Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска